(ВИДЕО) Костадинов: Сиљановска била министер во првата влада а нејзиниот сопруг терал бизнис со фри шоп

Од:

„Гордана Сиљановска не само што е залутана во политиката, залепена зад деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ зборува против се и се што, па и против самата себе си.

Канидатката на Христијан Мицкоски ги напаѓа политиките на првата Влада во независноста, против Владата во која токму таа била министерка.

Сиљановска, во времето на транзицијата била министерка а нејзиниот сопруг токму во тоа време терал бизнис со „фри шоп“.

Сиљановска е пример за транзициски политичар според критериумите на нејзината ВМРО-ДПМНЕ“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Секојдневно се докажува, Сиљановска е нечесна и неискрена пред граѓаните, иста е како Иванов и Мицкоски.

Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

Граѓаните на овие избори ќе изберат вистински претседател кој ќе работи во интерес на државата а не на париите, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на Република Северна Македонија“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски