(ВИДЕО) Костадинов: Што правел Мицкоски во Будимпешта и Белград?

Од:

„Антизападниот пион Христијан Мицкоски, мора да излезе пред јавноста и да одговори за сите отворени сомнежи за неговата улога во бегството на неговиот ментор, Никола Груевски“, рече Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Јавноста очекува одговори:

Која била целта на посетата на Христијан Мицкоски на Будимпешта и Белград во втората половина од октомври оваа година?

Дали тие посети имаат врска со подготовката за бегство на неговиот ментор, Никола Груевски?

Со кого се среќавал за време на посетите на Будимпешта и Белград и што договарал?

Дали заедно со Груевски бил нацртан планот за бегство?

Мицкоски пред граѓаните должи одговори за основаните сомнежи за неговите активности во изминатиот период кои што се сомнежи учеството во бегство на Никола Груевски.

Особено што Мицкоски јавно потврди дека имал средба со Никола Груевски на која според негово кажување се разговарало за „личните моменти“ и „иднината“ токму на Груевски.

Сите надлежни институции, особено Основното јавно обвинителство мора да отворат истрага за бегството на Груевски, и сите вакви или слични информации да ги разгледаат и даги истражат.

Сите соучесници и помагатели на кукавичкото бегство мора да бидат пронајдени и соодветно санкционирани“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски