(ВИДЕО) Костадинов: Што крие Мицкоски, пет дена не дава одговор дали Камчев ja финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

„Пет дена молк во ВМРО-ДПМНЕ, бегаат од одговор, бегаат од јавноста, не даваат одговор на прашањето дали Орце Камчев ja финансирал изборната кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?

Нема одговор ниту за тоа дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани и нотирани во Финансискиот извештај“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Молкот на Мицкоски кажува многу.

Што крие Христијан Мицкоски поврзано со финансирањето на последната кампања, линковите со Орце Камчев, неговите донации или неговата улога во случајот познат како „Рекет“?

Нема бегање од вистината ниту од правдата.

Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да одговори на овие прашања“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски