(ВИДЕО) Костадинов: СДСМ нема да организира митинзи и ќе ги почитува сите препораки на здравствените институции

Од:

„Најнапред секако дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија максимално ги почитува препораките на здравствените власти и ќе ги почитува и во иднина. Ова е убава можност и добро прашање за еве и пред јавноста , пред граѓаните да одговориме во однос на митинзите дека СДСМ нема да организира митинзи во текот на оваа кампања, секако почитувајќи ги препораките на здравствените власти. Во делот на тоа како би ја воделе кампањата, како би ги претставувале нашите кандидати секако и програмата, фокус ќе биде ставен на медиумското претставување преку онлајн видео настани и секако имаме различни видови на дигитална комуникација. Единствено нешто на коешто може да сметаме и да размислуваме во периодов е организирање на мали средби, секако согласно протоколите и максимално почитување на препораките на здравствените власти“, одговори портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он