(ВИДЕО) Костадинов: Рашела Мизрахи самата се фати во сопствените лаги

Од:

„Кадрите на Мицкоски во преодната Влада освен опструкции и ширење на невистини во јавноста покажаа големо непознавање и непочитување на граѓаните.

Техничката министерка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи очигледно самата се фати во сопствените лаги.

По објавените информации во медиумите за нејзин профил на глобалната мрежа за онлајн работа „Ап Ворк“ Мизрахи негираше, односно тврдеше дека наводно станува збор за лажен, односно злоупотребен профил.

Невозможно е некој во туѓо име да направи и да користи профил на платформата Ап Ворк“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„При креирањето на профил на оваа мрежа потребни се целосни и сеопфатни податоци, поткрепени со официјални документи за стекнато образование, сертификати, документи за дополнителни вештини.

Станува збор за сериозна платформа со софистициран начин на работа, при што се внесуваат лични документи, лични податоци и информации, како банкарски сметки, пејпал профил и слично кои никој друг не може да ги знае освен тој што го создава профилот.

Конечно по одреден период за потврда на автентичноста на профилот доаѓа токму од страна оваа платформа.

Ако било така како што тврди, зошто Мизрахи со години немала пријавено злоупотреба на лични податоци и кражба на идентитет до надлежните институции?

Не е спорно некој преку глобална мрежа за услуги да заработува. Спорно е неискрениот пристап пред граѓаните.

Тоа е неетички, непрофесионално и измамнички.

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не нудат ништо друго освен неетичко постапување и невистини.

Затоа на 12 април граѓаните ќе го казнат таквото однесување и уште еднаш ќе ги поразат погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он