(ВИДЕО) Костадинов: Протестите пред судот и нападите кон пратениците потврдуваат – Мицкоски го брани криминалот на Груевски

Од:

„Единствениот фокус на антизападниот пион Христијан Мицкоски останува одбраната на криминалот на Никола Груевски.

Протестите пред Судот во Скопје и собирите пред домови на пратеници, организирани од антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат тоа, ја покажуваат спрегата Мицкоски-Груевски“, рече Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„На протестот пред Судот неслучајно беа присутни пратеници и членови на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Данев, Јохан Тарчуловски, Невенка Стаменковска, Зоран Илиоски, се само дел од функционерите наантизападното ВМРО-ДПМНЕ кои синоќа го бранеа криминалот на нивниот ментор Груевски.

Протестот беше предводен од Александар Трајковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ и еден обвинетите во случајот насилство во Општина Центар, предмет каде што меѓу обвинетите е и Никола Груевски.

Со синоќешните протести пред домовите на пратениците се докажа дека ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се далбоко заглавени во матрицата на Никола Груевски.

Пионот Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски кој цели 11 години се служеше со овие идентични методи.

Наместо за иднината на државата, наместо за интересите на граѓаните, Мицкоски мисли исклучиво на иднината на Никола Груевски. Затоа Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и НАТО.

Пионот Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да разберат дека нема да можат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Никола Груевски.

Правда ќе има. Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво.

Ги повикуваме и останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат овие деструктивни политики и да се приклучат во процесите во Собранието кои обезбедуваат членство во ЕУ и НАТО“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он