(ВИДЕО) Костадинов: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за покачување на минималната плата

Од:

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за покачување на минималната плата. Се покажа уште еднаш вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, тие се против поголема минимална плата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дојдоа во Собрание, се пријавија како присутни, а потоа ја напуштија пленарната седница на која на дневен ред беа Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите.

Тоа е обновата на режимот која опозицијата ја нуди. Тие се против минималната плата, ВМРО ДПМНЕ е против тоа парите да завршуваат назад кај граѓаните, ВМРО-ДППМНЕ се против секоја мерка што е во интерес на граѓаните“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ е заробена во груевистичката матрица и е симбол за криминал и расипништво, СДСМ секојдневно носи конкретни мерки за повеќе пари да завршуваат назад во семејните буџети на граѓаните.

Со измените на Законот за минимална плата, минималмата плата повторно ја зголемуваме, овој пат на историски највисоки 14.500 денари.

Тоа значи дека годишно дополнителни над 60.000 денари ќе завршат кај околу 90.000 работници кои добиваат минимална плата.

Со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување ќе се субвенционираат придонесите за оние компании кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 6.000 денари.

Јасна е разликата, ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните, нуди обнова на режимот и осиромашување на граѓаните, ние обезедуваме раст на платите и работиме за интерсите на граѓаните“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време