(ВИДЕО) Костадинов: По години уназадување, индустријата бележи највисок раст во последните седум години

Од:

Презедовме одговорност да испорачаме сериозни резултати во економијата, реформите и интеграциите, низа на позитивни економски показатели потврдуваат, економијата е раздвижена и стабилна, платите растат, се зголемуваат инвестициите, изјави на денешната прес-конференција Костадин Костадинов од СДСМ.

„Според официјалните податоци, индустриското производство во 2018 година бележи раст од 5.4 отсто. Тоа е највисок раст во последните 7 години.

За споредба, во 2012 година на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, индустријата била во загуба од -2.5 проценти.

Јасна е разликата, по години уназадување и стагнација, индустријата конечно бележи значителен раст и се движи во посакуваниот правец на напредокот.

Исто така бројот на работници во индустријата во 2018 година е за 5,9 отсто повисок во споредба со 2017 година.

Дополнително охрабрува тоа што покрај индустриското производство, расте и прометот во индустријата кој во декември 2018 година бил повисок за 6,1 отсто, во однос на декември 2017 година.

Заклучокот е дека успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и придвижувањето на државата кон НАТО и ЕУ, даваат видливи, реални резултати.

Тоа е добра основа за посакуваниот резултат: силна економија, шанса за сите и подобар животен стандард на нашите граѓани“, изјави Костадинов.

Портпаролот на СДСМ додава дека седнувањето на масата во НАТО, заедно со најмоќните држави од демократскиот свет, дополнително ќе ги поттикне овие позитивни економски текови. „Освен загарантирана безбедност НАТО значи повеќе инвестиции, нови работни места, зголемен извоз, повисоки плати, повеќе пари во семејствата“, вели Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници