(ВИДЕО) Костадинов: Новата снимка потврди дека Груевски и Јанкуловска го криеле убиството на Нешковски

Од:

Најпрво сите знаеме, цела македонска јавност знае дека Никола Груевски не треба да пишува статуси на фејсбук од Будимпешта и да се слика со старлети, туку треба да се врати во државата и да си ја одлежи казната затвор согласно правосилната судска пресуда. – рече денеска Костадин Костадинов – потпарол на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање – како го коментира најновиот статус на фејсбук на екс премиерот Никола Груевски, кој вели дека за време на проектот „Вистината за Македонија”, биле пуштени само одделни исечоци од целосните снимки кои одговараат за актуелниот политички момент, поконкретно за „бомбата“ за убиството на Мартин Нешкоски.

Во однос на тоа што го констатира, а тоа е објавената снимка по повод смртта на Мартин Нешкоски, би сакал да ви кажам дека, и од оваа снимка која што ја објави Ел Чека, јасно може да се види дека тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска свесно се обидуваат да прикријат дека во моментот на убиството полицаецот Спасов не бил таму како член на обезбедувањето на Никола Груевски, туку бил приватно, објасни Костадинов.

„Понатаму во снимката можеме јасно да видиме дека Никола Груевски и наредува на тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска да каже во јавноста дека Спасов никогаш и не бил член на неговото обезбедување.

Свесни сме, имавме можност сите да го слушнеме, дека впрочем, Спасов бил ангажиран како дел од обезбедувањето на Никола Груевски, со усна наредба на шефот на обезбедувањето на Никола Груевски.

Исто така, понатаму во снимката можеме да видиме дека Гордана Јанкуловска и Никола Груевски се договараат за да имаат медиумска покриеност и да го искористат апсењето на Спасов, исто како што го искористиле и апсењето на Љубе Бошковски.

Се поставува прашањето и зошто, доколку во разговорот јасно се кажува дека треба да се оградат од шефот на обезбедувањето на Никола Груевски, а знаеме дека во 2011 година тоа не се случи.

Зошто Гордана Јанкуловска и Никола Груевски се обидуваат да го заштитат шефот на обезбедувањето? Нормално, затоа што тројцата се соучесници во обидот за прикривање на убиството на Мартин Нешкоски.“, заклучи Костадинов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања