(ВИДЕО) Костадинов: Нема да дозволиме упад во правосудството

Од:

Нема да дозволиме брутален упад прифаќајќи го овој закон во правосудството, изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов одговарајќи на новинарско прашање за ставот на СДСМ во врска со предлог-законот за амнестија што денеска го поднесе опозицијата во Собранието.

„Македонија е правна држава и тој принцип имаме обврска да го почитуваме. Точно знаеме што се крие зад предлог Законот за амнестија поднесен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е амнестија на криминалите на режимот на Никола Груевски. Тоа не смееме и нема да го дозволиме“, гласеше коментарот на Костадинов.

Претходно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поднесе предлог-закон за амнестија за настаните во Собранието на 27-ми април. ВМРО-ДПМНЕ бара лицата осомничени, обвинети или осудени за „крвавиот четврток“ да се ослободат од кривично гонење, да се запрат поведените постапки и целосно да се ослободат од издржување на казната затвор.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски