(ВИДЕО) Костадинов: Наќе Отсјај функционира строго по режимската матрица

Од:

„Во време на вонредна состојба и полициски час, во време кога припадниците на полицијата имаат голем обем на работа, Наќе Отсјај повлече 80 полициски возила и стотици полицајци за да снима спот.

Од една страна ВМРО-ДПМНЕ и Чулев глумат загриженост за здравјето на полицајците, а од друга страна ги ангажираат за пропагандни видеа.

Наместо полицајците да им бидат на располагање на граѓаните, тие неколку часа биле ставени на располагање на Наќе Отсјај.

Тоа е истата режимска матрица на МВРО-ВМРО“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Граѓаните се потсетија на методите на полициската држава и злоупотребата на полицајците, полициските возила за пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.

Наќе Отсјај функционира строго по режимската матрица, по стапките на неговите претходници Јанкуловска и Чавков, злоупотребува државни ресурси за сопствена промоција.

Наќе Отсјај должи одговори на граѓаните колку чини и со чии пари е платено снимањето на неговиот спот?

Која продукција и под кои услови е ангажирана за исполнување на овој мерак на Наќе Отсјај?

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски остануваат деструктивни и крајно неодговорно се однесуваат во време на целата здравствената криза.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Последен доказ за тоа е вчерашното однесување на Наќе Отсјај.

Секому му е јасно дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни граѓаните, никогаш не биле важни институциите, ним и е важен само личниот и партиски интерес.

Свесни за тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од соочување со граѓаните, бегаат од демократски мегдан и со право се исплашени од новиот пораз што им следува на избори.

Граѓаните ќе го казнат ваквото неодговорно, несериозно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата