(ВИДЕО) Костадинов: Најавите за бојкот на претседателските избори се потврда дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка и бараат алиби за поразот

Од:

„Најавата на антизападното ВМРО-ДПМНЕ за бојкот на претседателските избори е потврда дека Христијан Мицкоски знае дека нема поддршка кај граѓаните и бара алиби за изборниот пораз што го чека.

Очаен е антизападниот Мицкоски, целосно загубен во неуспехот на неговото деструктивно антизападно делување.

Тој, Груевски, Иванов и Бачев не успеаја да ја блокираат иднината на Македонија во ЕУ и НАТО, беа поразени од граѓаните“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Се обиде со некакви протести и собири, ги најавуваше за секоја среда и секоја недела, виде дека нема поддршка од граѓаните, ги откажа ненадејно.

Му се приклучи на Јанко Бачев и се сведе на негов портпарол. Не успеа. Нивните заеднички собири на кои се сееше омраза, раздор помеѓу граѓаните, невистини и антизападни пароли, граѓаните ги отфрлија.

Сега, соочен со сопствената неспособност и неуспехот на антизападните политики Мицкоски е во нови обиди за деструкција, условувања, блокади.

Ниту една идеја, предлог, програма, план за доброто на граѓаните и државата не слушнавме од антизападниот Мицкоски.

Мицкоски и неговите црнила како и деструкциите на неговата партија немаат поддршка од граѓаните.

Наместо условувања за бојкотирање на избори Мицкоски нека се подготвува за пораз на следните избори какви и да се.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов ниту пак нов Груевски.

Македонија тргна напред. Граѓаните се одлучија за напредок и интеграција во НАТО и ЕУ“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски