(ВИДЕО) Костадинов: На ВМРО-ДПМНЕ не им пречи уставното име кога треба да земат плата од Собрание, но им пречи во Законот за одбрана

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување и нанесува директна штета на граѓаните и на целата држава.

Со блокадата на Законот за одбрана, Мицковски и неговите пратеници го кршат Уставот и го загрозуваат остварувањето на нашиот сон – членството на Република Северна Македонија во НАТО.“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција.

„Со неодговорните и лицемерни постапки ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да испровоцираат ново вето од Грција.

На Мицковски и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им пречи уставното име Република Северна Македонија кога државата треба да стане 30. членка на НАТО, но не им пречи кога во Европската народна партија, се впишани како партија од Република Северна Македонија.

Им пречи уставното име дома, а не им пречи уставното име и преспанскиот договор надвор при службени посети и средби.

Им пречи уставното име кога треба да гласаат за Законот за одбрана, а не им пречи уставното име кога треба да земат плата од Собранието на Република Северна Македонија.

Ова е врв на лицемерните и деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ.“, наведе Костадинов.

Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставното име на нашата држава?

Кога го блокираат Законот за одбрана, а со тоа и нашето зачленување во НАТО затоа што пречи уставното име?

Или кога се потпишуваат и ја гласаат оваа Декларација за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост, која е под уставното име Република Северна Македонија.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски е еден од предлагачите на оваа Декларација, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја гласаа?

Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со ситно политикантство и да го поддржат Законот за одбрана затоа што тој е важен и за нашето членство во НАТО, но е уште поважен за припадниците на нашата армија.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски постојано и на секој начин покажуваат дека се против ЕУ и НАТО, против напредок и интеграција, а единствено работат на заштита на криминалот во сопствените редови.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски се прочитана книга. Казната за нивната деструктивна и лицемерна политика ќе дојде многу брзо. Граѓаните се определија за членство во НАТО и брзи евроинтеграции.“, наведе Костадинов.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје