(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ го извалка големиот државен празник – Денот на независноста

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го извалка големиот државен празник 8 септември – Денот на независноста. Посветена на одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не испрати делегација на оддавањето почит на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски, рече Костадин Костадинов, порпарол на СДСМ на денешната прес-конференција.

„Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажаа непочит кон државата, кон историјата, кон денот на независноста и кон првите двајцата македонски претседатели.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да сее омраза и да поттикнува насилство.

Последен пример за тоа е палењето на сликите на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Австралија.

ВМРО-ДПМНЕ и нивната реторика се директни поттикнувачи на вакви срамни инциденти.

Со ваквите постапки, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека се однесува деструктивно, на штета на граѓаните и државата.

Одново се докажа дека единствената мисија на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот, ширење поделба и омраза помеѓу граѓаните и оддалечување на државата од ЕУ и НАТО.

Полека но сигурно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се претвораат во грчката Златна Зора.

Наместо да се приклучат кон процесот за обезбедување на сигурна иднина за земјата тие разгоруваат национализам и потхрануваат лажни очекувања кај своите гласачи.

Ниту Мицковски, ниту Груевски не можат да ги вратат процесите назад. Тешка лага е дека ќе го поништат Преспанскиот Договор. Така зборуваа и за Времената Спогодба па не само што ја прифатија туку и ја прогласија за дипломатски триумф.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски нема да успеат да ја вратат државата во темното минато на насилство, поделби и изолација.

Република Северна Македонија оди напред како едно општество за сите, без разлика колку и тоа да е неприфатливо во белиот дворец.“, наведе Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници