(ВИДЕО) Костадинов: Милошоски прави драми, зборува за правна држава откако ја уништи, Законот за ЈО ќе биде донесен

Од:

“Добро е да се види нервозата. Вие колега Милошоски ќе ни зборувате за првда? Вие имате образ? Вие се најдовте повикан да ја штитите и браните правната држава, вие кои ја уништивте, па сега ќе правите драмолетки”, истакна денеска во Собранието пратеникот на СДСМ Коста Костадинов.

Тој го повика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, да ги предаде боимбите за кои тврди дека ги има во обвинителството, бидејќи не се веќе правосудните институции како во време на ВМРО-ДПМНЕ и „Сваровски“ судството.

“Вас колега Милошоски ве слушнавме дека нарачувате лустрација. И вие ќе зборувате за правда?!

Вие колега Милошоски почнувате да менувате бои како семафор, еднаш црвен, па жолт, а сега позеленуваш, рече Костадинов, додавајќи дека во јавноста не треба да зборуваме за вашите разговори со Бетон Штип, со Езимит Штип, за купување на амбасадите.

И вашата реакција во овој момент, ми го потврдува тоа. Овој закон ќе помине. Овој закон со сигурност претставува своевидна борба на правдата наспроти криминалот”, истакна Костадинов.

Тешко е, мачно е, тероризирате, уценувате, се заканувате провоцирате, но нема да ви помине ниту теророт , ниту заканите ниту уцените.

Република Северна Македонија ќе биде правна држава и држава каде за секој за кого во транспарентна судска постапка ќе се докаже дека сторил криминал дека се огрешил од законите, ќе одговара”, порача пратеникот на СДСМ Коста Костадинов.

Би можело да ве интересира

Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Ана Ололовска

Законот за ЈО за едни чекор напред кон правна држава, за други амнестија за криминалот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски – Фон Дер Лајен: Честитки за донесувањето на Законот за ЈО

А1он

Џафери: Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура

Ана Ололовска

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Драган Поповски

Рот: Добра вест од нашите пријатели во Северна Македонија

Драган Поповски