(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски се дрзна на Божиќ да ги дели и понижува граѓаните

Од:

Антизападниот Христијан Мицкоски продолжува по стапките на неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски, не отстапува од делбите и омразата. Груевски ги делеше граѓаните на патриоти и предавници, а неговиот пион Мицкоски ги дели граѓаните на лојални и нелојални, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Неговата дрскост и ароганција отидоа до таму што на најголемиот, најрадосниот христијански верски празник- Божиќ, Мицкоски се дрзна да ги дели и понижува граѓаните. На Мицкоски му се врти во главата желба да се поставува во улога на судија и да утврдува кој е, а кој не е лојален граѓанин на Македонија. На граѓаните им се доста 11 години партиски суд. Македонија расчисти со поделбите и одбра да се гради како едно општество на еднакви граѓани, рече Костадинов.

Како што кажа тој, граѓаните на пролет ќе го поразеле концептот на поделби и омраза што го следи Мицкоски.

– Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе работи во интерес на државата и рамо до рамо ќе застане со прогресивните демократски сили што ја водат Македонија во ЕУ и НАТО, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски