(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски фатен во лага, Енерготек во конзорциумот што добивал бизниси од владата на Груевски има 99% удел

Од:

Излегoa на површина шемите на антизападниот пион Христијан Мицкоски со неговиот ментор, со носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски. Конзорциумот „Минка – Енерготек“ во кој удел има Христијан Хидро Мицкоски од владата на носителот на криминалот Груевски добил согласност за користење на вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Во 2015 година, кога Мицкоски бил советник кај неговиот ментор Груевски, конзорциумот во кој удел има Мицкоски, токму од Владата на Груевски добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала. Хидро Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ повторно се фатени во лага. Но, очигледно, ниту антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, не знае каде се и колку точно удел има Мицкоски во компании и конзорциуми кои добиле тендер од владата на Никола Груевски. Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ првично тврдеше дека Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје. Пред неколку денови, истото тоа антизападно раководство тврдеше дека Хидро Мицкоски имал удел од 7 отсто во сосема друга фирма -„Енергомонт“. Вчера, раководството на ВМРО-ДПМНЕ пак тврди дека Хидро Мицкоски имал удел од 7 отсто во фирмата „Минка-Енерготек“, рече Костадинов.

Тој додаде дека конзорциумот „Минка-Енерготек“ е составен од компанијата Енерготек ДОО Скопје во која удел има Мицкоски и компанијата Минка ДА ДОО Струмица.

– Во првичната сопственичка структура на конзорциумот, 60 отсто од уделите ѝ припаѓале на Минка ДА ДОО Струмица, а 40 отсто на компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје во која удел има Мицкоски. Но, во втората половина на 2017 година во конзорциумот „Минка-Енерготек“ била направена промена на сопственичката структура, со пренос на уделите. Со таквиот пренос, „Енерготек ДОО Скопје“ на Мицкоски во конзорциумот „Минка-Енерготек“ има удел од 99 отсто, додека Минка-ДА ДОО Струмица има удел од само 1 (еден) отсто. Ова е вистината. Мицкоски и антизападното раководство треба да им се извинат на граѓаните. Останува фактот дека Мицкоски е ист како Никола Груевски и затоа ги следи погубните политики на неговиот ментор, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави