(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски е фрустриран поради тоа што Заев жестоко ги брани државните и националните интереси

Од:

Прв се јави антизападниот пион Христијан Мицкоски. Мицкоски е очигледно фрустриран поради тоа што премиерот Зоран Заев жестоко ги брани државните и националните интереси, членството во ЕУ и НАТО!, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник, на денешната прес-конференција.

„И тоа го прави секаде, и во јавните настапи и во телефонските разговори.

Оставка не поднесува оној којшто се бори државата да стане полноправна членка на НАТО, и да продолжат интеграциите во Европската унија.

Заканите од хибридни напади, лажни вести и манипулации се само затоа што сме посветени и стануваме 30 земја членка на НАТО.

Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на они кои не сакаат нашата татковина да стане членка на НАТО и ЕУ.

Што се однесува до предвремените избори, Мицкоски исто вака лажно се силеше и пред претседателските избори, па доживеа пораз.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги загубија претседателските избори, но ги загубија и локалните избори во Охрид и Ново Село.

Антизападниот Мицкоски, кој нема ниту програма ниту понуда, може да се надева само на уште еден пораз.

Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре.

Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ!“, порача Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски