(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски да каже што му должи на Груевски?

Од:

„Овој Извештај на Државниот завод за ревизија е уште доказ за тоа како функционирала ВМРО-ДПМНЕ и внатре, во работата на самата партија.

Во Извештајот за 2017-та година Државниот завод за ревизија констатира дека ВМРО-ДПМНЕ не ги прикажала реално податоците во финансиските извештаи.

Нотирано е дека ВМРО-ДПМНЕ поседувала дури три сметки што е спротивно на Законот за финансирање на политичките партии“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Додека граѓаните се бореа со долгови и сиромаштија што им ја наметна токму ВМРО-ДПМНЕ, партијата потрошила 386.000 евра за изработка на над 200 уметнички слики, но притоа нема фактури што ќе докажат каде завршиле тие пари.

Како одговорно лице за работењето е посочен Никола Груевски.

И за финасискиот извештај за изборите во 2016 година, ревизорот изразил негативно мислење.

Поради немањето соодветна документација за сите приходи и расходи за изборната кампања.

Христијан Мицкоски, наследникот на Никола Груевски и негов советник токму во тој период, досега ниту еднаш не се огради од криминалните политики на неговиот претходник.

Мицковски не се извини на граѓаните за пустошот во економијата, за нивното 11 годишно осиромашување, за поделбите и кризите кои како наследство им ги остави ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е, Мицкоски, некогашниот советник на Груевски, нема капацитет вистински да ја рефомира партијата и да ја надмине матрицата на Никола Груевски.

Со таквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на криминалот на Груевски и фамилијата наместо да понуди реални политики во интерес на граѓаните и да се вклучи во реформскиот процес.

Христијан Мицковски треба да излезе пред јавноста и да одговори дали и што му должи на Никола Груевски?

Граѓаните ја поразија ерата на Груевизмот, кажаа не на лошото владеење и избраа развој, просперитет, слобода, демократија, избраа европска иднина и подобар живот за сите“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски