(ВИДЕО) Костадинов: Кога лаже Сиљановска, наутро кога вели дека нема да го почитува Договорот или навачер кога се негира?

Од:

„Помина еден ден, кандидатката на Христијан Мицкоски го смени ставот. На телевизија Телма Сиљановска тврдеше дека Преспанскиот договор е согласно со Уставот и ќе го почитува. На митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола пак Сиљановска тврдеше дека не е“, вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Кога лаже Сиљановска? Наутро кога вели дека нема да го почитува Договорот и уставното име Северна Република Македонија или навачер кога самата се негира?

За каква правда и правичност зборува Сиљановска кога со секоја изјава потврдува дека е лицемерна и лажно се претставува пред граѓаните.

Сиљановска тврдеше дека не ја признала програмата на ВМРО-ДПМНЕ, иако тоа беше еден од условите да учествува на конкурсот на Мицкоски.

За само неколку дена, Гордана Сиљановска си го покажа лицемерното лице. Сиљановска не е чесна пред граѓаните.

Затоа граѓаните на претстојните избори ќе изберат вистински претседател, кој искрено и чесно настапува и достоинствено ја претставува земјата, ќе го изберат Стево Пендаровски“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“