(ВИДЕО) Костадинов: Иванов го кочи назначувањето амбасадори и прави штета на државата

Од:

„Додека Македонија граби напред кон евро-атланските интеграции, со успешна надворешна политика, Ѓорге Иванов го кочи професионалниот развој на дипломатската мрежа.

Поради несериозно и неодговорно однесување на Ѓорге Иванов 20 македонски амбасади ширум светот се без амбасадори.
Лондон, Брисел, Рим, Прага, Стокхолм, постојаните мисии при ОБСЕ во Њујорк, Женева и Виена се само дел од дипломатско-конзуларните претставништва што немаат амабасадори“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Оваа евидентна блокада на назначувањата на амбасадорите е уште една потврда дека Иванов работи спротивно на интересите на граѓаните и нанесува штета на државата.

Очигледно, Иванов дејствува само кога треба да легализира децениски криминал, да аболицира криминалци, да ги блокира реформите што се во интерес на граѓаните и државата, да ја блокира македонската иднина.

За само една година Македонија успеа да направи квантен скок. Од „заробена држава„ со вистински политики на владата предводена од СДСМ, заедно со граѓаните, успеавме да се вратиме на вистинскиот пат, на евро-атланскиот пат на иднината.

Одлуката на ЕУ, Македонија да започне преговори за полноправно членство во 2019 година е потврда за тоа.

Оттука, особено е индикативно дека Иванов ја кочи дипломтаската мрежа во клучните моменти, кога се прават вистински чекори за целосно интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ.

Ѓорѓе Иванов мора да престане да го блокира процесот на назначување амбасадори и тоа веднаш. Угледот на државата и ефикасноста на македонската дипломатија недозволиво е да трпат штети поради неговото деструктивно однесување“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“