(ВИДЕО) Костадинов: Институциите да ги лоцираат нарачателите, извршителите и помагателите во Рекет

Од:

Сега е клучен момент, борбата за правда што ја водиме 2 години, кога изградивме независни институции кои силно се борат против криминалот, да го зададе конечниот удар на неправдата, на криминалците, на нечесните, се обрати Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Последното објавено видео од италијанскиот медиум во ниеден момент не укажува на било каква вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот Рекет туку сосема спротивно.

Од снимките е повеќе е јасно дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран.

Премиерот Заев го пријави случајот и се бори за правда, создавајќи независни институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата.

Сега надлежните институции мора да ја забрзаат истрагата за актуелниот случај „Рекет“, да ги лоцираат нарачателите, извршителите и помагателите.

Граѓаните заслужија правда и правда мора да има.

Секој мора да одговара, од прв до последен, за кого ќе се утврди било каква поврзаност, вклучително и тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски.

Било какви сценарија за спас на криминалците од затвор нема да успее.

Ние сме тие кои се бориме за правда, градиме институции кои се борат против криминалот и корупцијата во интерес на граѓаните.

Ние сме, почитувани граѓани, тие кои повикуваме случајот да се расчисти до крај и секој да одговара, а премиерот Заев го пријави овој случај во надлежните институции.

Тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, впрегнати со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО, да се загрози евро-интеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност.

Лицата кои се појавуваат на снимките се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, исто како и лицата кои ги објавуваат во странски медиуми. Тоа се шемите на Никола Груевски.

Од таа причина, Мицкоски наместо да се крие да одговори на следните прашањата: Со кои две лица, кои се гледаат на објавената снимка се има сретнато?, Дали и што примил на рака?, Дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите се сретнал во Будимпешта и што му дал?

Институциите мора брзо да делуваат за целосно расчистување до крај, за сите кои се инволвирани во овој случај да понесат одговорност.

Но, тоа значи одговорност и за тајкуните на режимот за кои се отворени предмети во СЈО и кои се појавуваат на овие снимки.

Сите предмети, од „Империја“, „Талир“ до „Титаник“ и “Тревник“, сите, мора да бидат расветлени до крај и секој што се огрешил пред законот, мора да одговара.“, заврши Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски