(ВИДЕО) Костадинов: И други членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во шемите со хидроцентралите

Од:

„Јавноста дозна за шемите помеѓу Хидро Мицкоски и носителот на криминалот, Никола Груевски.

Се дозна како конзорциоумот во кој удел има антизападниот пион Мицкоски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски, во 2015 година, во време кога му бил негов советник за енергетика.

Но, овие шеми се надоградени и проширени со други членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои покрај Хидро Мицкоски имаат удел во сопствеништвото на комапнијата „Енерготек ДОО Скопје“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Овој документ покажува дека во сопственичката структура на Енерготек ДОО Скопје покрај антизападниот лидер Христијан Мицкоски е и членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Димитар Димовски.

Антинародниот и антизападниот пион Христијан Хидро Мицкоски треба да одговори:

-Дали Димитар Димовски, еден од сопствениците на „Енерготек ДОО Скопје“, е токму членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, државен советник во Министерството за транспорт и врски?

Дали е тоа истиот Димитар Димовски, некогашната десна рака на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денес се соочува со бројни судски процеси?

Спрегата помеѓу антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со антинардониот пион Хидро Мицкоски и носителот на криминалите, Никола Груевски е повеќе од очигледна.

Затоа Хидро Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ доследно ги следат погубните политики на Никола Груевски.

Тоа е истата матрица, во ова ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот