(ВИДЕО) Костадинов: Го унапредуваме системот на детска заштита

Од:

„Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат подобар живот и повеќе пари за граѓаните. Платите продолжуваат да растат.

Со исплатата на јунската плата, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 отсто што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Тоа значи дека над 3.100 лица вработени во градинките односно воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст добиваат значително повисоки плати.

Истовремено, поголеми плати добива и помошно техничкиот персонал во градинките, покачување што е усогласно со Колективниот договор.

Со планираното покачување од 5 отсто во септември годинава вработените во детската заштита ќе добијат уште едно зголемување со што вкупното покачување на платите ќе биде 21 отсто што е најголемо до сега.

Во изминатите две години спроведовме низа мерки што ја унапредуваат детската и социјалната заштита. За само две години отворени се 24 нови градинки, а досега се обезбедени 1.400 согласности за вработувања во градинките.

Како одговорна партија продолжуваме да вложуваме во подобрување на условите за работа во детската заштита и реализација на мерки за унапредување на раниот детски развој којшто е клучен за понатамошниот развој на секое дете“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа