(ВИДЕО) Костадинов: Дали на средбата Мицкоски-Груевски било договорено неговото бегство?

Од:

„Пред две недели антинародниот пион Христијан Мицкоски, јавно, во интервју призна дека имал повеќечасовна средба со неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски.

На таа средба, според признанието и зборовите на Мицкоски разговарале за „иднината“ и „личните моменти“ на осудениот Никола Груевски.

Јавноста, основано се сомнева дека пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, знаеле за планот на Груевски.

Антизападниот пион Мицкоски пред граѓаните треба да одговори дали токму на таа средба било испланирано бегството на Груевски“, праша Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Ние, како и граѓаните, отворено се сомневаме дека досегашната одбрана на криминалот на Груевски од страна на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во функција да му помагнат во неговиот план. Вклучувајќи го тука и бегството.

Терминот „политички прогон“, користен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под негова контрола, очигледно е со единствена цел, да му послужи како алиби за барањето азил на осудениот Никола Груевски.

Секој во Република Македонија и надвор од неа, знае многу добро, а судските одлуки го потврдуваат тоа, дека нема никаков политички прогон, туку спроведување на правда и правна држава.

Оттука, основани се сомнежите. Дали токму антизападниот Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се соучесници во бегството на Никола Груевски?

Ги повикуваме сите надлежни институции, конкретно Основното јавно обвинителство да отвори истрага и целосно да се расветли случајот и да се лоцираат сите виновници.

Сите сочуесници вмешани во бегството на криминалецот Груевски мора да одговараат пред законите.

Надлежните институции мора да ги искористат сите свои капацитети за Груевски да биде донесен онаму кадешто му е местото – на издржување на казната затвор“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби