(ВИДЕО) Костадинов: Без Договорот од Преспа нема ниту ЕУ, ниту НАТО

Од:

„Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа се дирекнта закана за нашето полноправно членство во НАТО, тоа ја загрозува интеграцијата во ЕУ и иднината на државата.

Столчето во НАТО коешто не очекува е столче за Република Северна Македонија – 30 тата земја членка на Алијансата, на најмоќниот сојуз во светот.

Без Договорот од Преспа тоа наше столче во НАТО не беше можно“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Во период кога во Шпанија започнува последната ратификација на протоколот за наше членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со ревидирање односно поништување на Договорот од Преспа.

ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто се овие закани против Договорот, зошто се овие закани против нашето членство во НАТО?

Затоа што ако нема Договор од Преспа-нема ниту членство во НАТО.

Јасно е, сите што заговараат укинување на Договорот заговараат и поништување на членството во НАТО што е директна опасност за државата.

Ставовите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, антидржавнички и спротивни на стратешките цели на државата.

Но затоа, тука е целата демократската јавност во нашата земја, тука e СДСМ, заедно со сите политички и граѓански демократски капацитети да гарантираме дека Договорот од Преспа ќе создава иднина за нашата земја – таа иднина значи членство во НАТО, преговори за членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет.

Нема да дозволиме враќање чекор назад, како што посакуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Република Северна Македонија продолжува напред на прав пат, кон НАТО и ЕУ“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он