ВИДЕО: Конзул преземен од детска градинка, амбасадор од фабрика за чоколади, Османи со анализа на упатените лица од 2006 година наваму

Од:

Квантен скок во начинот на упатување на лица во амбасадите и конзулатите во светот е направен во споредба со периодот од 2006 година навака, трендот оди во добар правец, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој денес извести дека формирал работна група која ќе ги анализира сите упатувања на амбасадори и конзули од 2006 година навака.

„Тоа беше поттикнато од барањето на опозицијата за да се разговара за овие прашања, а се покрена по информациите, шпекулациите, нецелосните информации по однос на хипотетичка или како да кажам одлука на Влада за именување на конзул. Бидејќи јас чувствувам дека, ако во некое поле во моето министерување во ова Министерство имам постигнато најмногу, тоа е токму во упатување на амбасадори и конзули бидејќи направивме навистина голем исчекор во однос на професионализација на службата и затоа побарав и формирав работна група во Министерството која ќе ги анализира индивидуално сите упатувања на амбасадори и конзули од 2006 за да направиме една компаративна анализа кога како било бидејќи така најдобро ќе знаеме дали имало напредок, исчекор кои се моите позиции и така натаму“, рече министерот Османи.

Работната група веќе почнала со работа. Министерот Османи презентираше дел од она што веќе го сработиле, а анализата го опфаќа и периодот во кој министер за надворешни работи бил Антонио Милошоски.

„Генерален конзул во Солун, а потоа и амбасадор директно земен од фирма за лекови. Генерален конзул во тој период преземена од детска градинка. Генерален конзул во Торонто со факултет за физичка култура преземен од Агенција за млади и спорт. Амбасадор во Загреб со факултет за шумарство, претходно управител на старечки дом. Амбасадор во Абу Даби претходно вработен во фабрика за чоколади, амбасадор во европска земја со претходно искуство придружба на сопруг амбасадор. Амбасадор во Анкара преземен од Македонски пошти и така натаму“, рече министерот Османи презентирајќи ги веќе анализираните амбасадори и конзули.

Откако тој е министер за надворешни работи вели дека упатил 21 амбасадор од вкупно 60 дипломатско конзуларни претставништва кои нашата земја ги има во светот. Од нив, повеќе од една третина, односно 15 се дипломати од кариера кои имаат и по четири претходни дипломатски мандати.

„Другите е дозволено да бидат политички решенија. Тоа се обично афирмирани личности кои што по пракса политичките партии ги предлагаат во рамки на коалицијата. 25 отсто е согласно закон, јас имам над 70 отсто испратено од куќата. Се разбира дел се предложени и пред да дојдам јас но јас сум ги одобрил откако сум дошол и сум ги упатил во амбасадите. Од надворешните , бидејќи има шпекулации дека надворешните се секогаш проблематични, го имаме амбасадорот Дане Талески во НАТО, кој што јас сметам дека е еден од подобрите амбасадори, доктор на политички науки, образуван надвор, национален координатор на НАТО претходно. Теута Агаи Демјаха, доктор на науки по јавно здравство, амбасадор во последната мисија во Женева каде што е и Светската здравствена организација. Амбасадор во Загреб Миљаим Фета, доктор на политички науки, универзитетски професор, потпретседател на Совет за радиодифузија. Версил Мемеди амбасадор во Рим, доктор по аргументативни студии и реторика на Универзитет во Амстердам, претходно потпретседател на Собранието. Петрит Муслиу, генерален конзул во Чикаго, иницијалниот предлог пратен во 2019 година, пред да дојдам јас во Министерството, јас сум го упатил на мандат, дипломиран правник и магистер по меѓународно право. Тоа се упатувањата откако сум јас министер“, рече министерот Османи.

Најави дека многу скоро ќе назначи амбасадор во  Вашингтон, место кое долго време е испразнето оти било исклучително важно место и за кое се бара најдоброто решение. Османи уште еднаш повтори дека за назначувањето на тв – презентерката за генерален конзул во Њујорк нема да коментира. Не може да каже ниту дали имало точка на дневен ред или расправа без одлука за неа поради законските ограничувања поради доверливоста на затворената седница. Одлука во Службен весник, каде што се објавуваат и одлуките од затворените седници, нагласи дека нема, а немаат ниту планови да го сменат актуелниот генерален конзул во Њујорк, Јордан Панов кој има мандат до јули 2023 година.

Би можело да ве интересира

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

Османи: Се залагам за еднаква држава за сите

Орце Костов

Османи: Уставни измени веднаш по изборите пред формирање влада

Орце Костов