ВИДЕО: Контрапротест за лекарите пред Министерството за култура

Од:

Додека голем дел од лекарите и здравствените работници протестираа пред владата, дел од лекарите од клиниките во Скопјеизлегоа  на контрапротест. Тие не го поддржуваат штрајкот, и ги повикаа да се вратат на работа.

Овие лекари го поддржуваат владиниот проект за плаќање по учинок и сметаат дека зад штрајкот има политичка заднина.

„Не би сакал да се извлече заклучок дека ова е контрапротест. Апсолутно не се работи за тоа,  бидејќи мислам дека барем во однос на проектот сите сме единствени. Можеби се разликуваме околу начинот на реализација затоа што ние сметаме дека е неопходна здравствена политика и стратегија, но не и политика во здравството“ вели Борче Георгиовски од Клиниката за хематологија.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!