(ВИДЕО) Контра-собир: Ако моето дете ми каже дека е геј, не ќе можам да се помирам со тоа

Од:

„Ако моето дете еден ден ми каже дека е геј нема да можам да се носам со тоа, ќе бидам во шок“, вака реагираше Александар Петровски, татко на две деца и учесник на протестот за традиционални семејни вредности. Тој смета дека родителите се тие кои го насочуваат детето од мали нозе по кој пат ќе тргне и како што вели нема шанси да „застрани“ од патот ако е воспитувано на здрави традиционални темели.

„Семејството е база на сите вредности. Ние со сопругата посветуваме огромно внимание на децата им укажуваме постојано што е добро, а што не чини. Секако и образованието игра улога. Добар школски систем и домашно воспитување се главените алатки за формирање на здрава личност“, вели тој.

Децата на протестот беа во првите редови и тие го носеа главниот транспарент „Сакаме здраво семејство“, меѓу нив забележавме дете чија рака од беше наредна со христијански бројаници. Девојчињата беа облечени во долги здолништа како што налагаат верските правила, а придружна кореографија на протестот беа дрвени крстови, икони со мотиви од богородица и други светци.

За Петровски не беше проблем што и неговите деца беа дел од маршот и заедно со други деца пееја верски песни како што е „Господе помилуј“ , „Сјати боже, сјати крепки“, се молеа на Господ и се крстеа во духот на верските правила.

„Знаете ние родителите понекогаш грешиме, но ние во тој дух сме воспитувани од нашите родители, така правиме и со нашите деца и не гледам ништо лошо во тоа.“, додава тој.

Останатите родители чии деца беа во првите редови не сакаа коментираат пред камера, освен една жена која вон камера нервозно дофрли: „ Подобро е детето да оди во црква, отколку да биде заведено од сатаната, како оние што се на другата страна“.

На контра собирот чиј организатор беше граѓанското здружение „Традиционално семејство“, рамо до рамо застанаа и свештеници, пастори, чесни сестри, монаси и останати духовни водачи од МПЦ, Римо-католичката, евангелистичката и методистичката црква, како и припадници на муслиманската заедница.

Би можело да ве интересира

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Англиската црква се извини поради третманот на лицата од ЛГБТ заедницата: Длабоко ни е жал

А1он