(ВИДЕО) Колариќ: Со инвертори СДСМ врши поткуп пред избори

Од:

СДСМ предизборно врши поткуп со инвертори, откако зимата речиси помина, а граѓаните си обезбедија греење, изјави Светлана Колариќ, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

„Откако зимата речиси помина, а домаќинствата си обезбедија начин на греење во септември, му текна на Социјал Демократскиот Сојуз на дрзок и безидеен начин да врши поткуп на гласови во предизборен период – субвенции за инвертори со цел продолжување на политичката кариера на Заев, Макрадули и Шилегов.

Борбата на Владата со загадувањето ќе била преку 100 % субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертор во вредност од илјада евра, Всушност ова е и прва лага ако ја погледнеме пазарната цената на инвертор клими која се движи од 660 до 2500 евра“, рече таа.

Колариќ обвини дека ќе се потрошат милиони народни пари во предизборно едноумие, преку избрзани програми подготвени без учество на стручни лица, без примена на научно истражувачки студии, невладини организации.

„Инверторите почитувани ќе трошат струја од РЕК Битола и Осломеј кои се знаеме најголеми загадувачи, а сметката за струја ќе се зголеми за најмалку од 4.500 до 6.000 денари, исто така може да се затоплуваат само отворени простории при екстремни температури, плус семејствата ќе имаа дополнителни трошоци за вградување на системот но понатаму и за одржување на истиот“, рече таа.

Таа ја прашува власта колку е сигурна дека за неколку години граѓаните нема повторно да се вратат на стариот систем на греење?

„Велите ќе вршите контрола дали инверторот наменски се користи во период од две години, овој период е многу краток ако се земе во предвид дека контролата треба да се врши само во зимскиот период.

Каде ќе заврши отпадот од старото железо од печките? Колку ќе бидат сигурни граѓаните дека ќе ги повратат вложените средства?

Зошто сред сезона на греење се објавува јавниот повик токму пред предвремените избори?

Колку ќе се намали загадувањето кога повикот важи за цело Скопје ако се земе во предвид дека има огромни разлики помеѓу квалитетот воздухот кој го дишат граѓаните кои што живеат во Лисиче и граѓаните кои живеат во околните места од Скопје“, праша Колариќ.

Би можело да ве интересира

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива