(ВИДЕО) Колариќ: Град Скопје издвојува 4 милиони евра за вработување на 700 партиски војници

Од:

Додека цела влада и градот Скопје годишно издвојуваат 1.5 милион евра за борба против загадувањето на воздухот, а само градот Скопје ќе издвојува 4 милиони евра за вработување на 700 партиски војници. Значи 4 милиони евра од градската каса ќе се издвојат за плати на 700 партиски војници кои ќе се запослат во две градски претпријатија , а цела власт издвојува само 1.5 милиони евра против загадениот воздух во цела држава, рече Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

– Кога станува збор за удовство и за партиско вработување Шилегов се покажа и дека не жали средства. А кога се разболуваат и умираат луѓе поради енормното загадување во државата се носат површни и паушални краткорочни мерки. Видлива изборна манипулација и вистински фалсификат е обидот да бидат вработени 700 партиски војници во изборна година. Овие пари наместо за корумпирање на гласови нека се насочат кон нови мерки против загадениот воздух. Само по најмали врнежи од снег Скопје изгледа како Сибир, а улиците како да паѓало снег со години, и при најмал дожд се поплавуваат сите сообраќајници, а комуналната хигиена е на најниско можно ниво за кое што не памтат граѓаните на градот, рече Колариќ.

Таа рече дека Шилегов пред да дојде на власт кажувал дека градската администрација и јавните претпријатија се преполни.

– Ветуваше дека нема да има партиски вработувања. Но, за оваа една година и 4 месеци не запира со преполнување на администрацијата. ВМРО ДПМНЕ, предлага парите предвидени за неефикасно и вештачко полнење на јавна администрација да се пренасочат веднаш кон нови мерки, мерки кои што загадувањето ќе се доведе до прифатливо ниво кое што нема да доведе до заболување и умирање кај луѓето. За сметка на ова ќе има и поздрави и посреќни деца во Градот Скопје. Доколку сака Шилегов може да го стори ова, затоа што и тој постојано вели ова е план и истиот не значи дека ќе се реализира. Го замолувам Петре Шилегов да се одважи од партиските наредби и да застане на страна на оние кои го гласаа за градоначалник, во спротивно нека замине навреме, рече Колариќ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази