ВИДЕО: Кој е Александар Пандов?

Од:

Провладините медиуми во последно време се обидуваат да го наметнат Александар Пандов како „политички аналитичар“ , по што останува да лебди прашањето- на што се должи неговата стручност за да анализира, а негоиот став да биде значаен за постојано да се појавува на провладините медиуми?

Александар Пандов е познат како член на ВМРО-ДПМНЕ, бил пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и од тука неговиот став и без да се појави на медиумите е добро познат. Она што не е познато е на што се должи неговата стручност?

Единствени работи кои се познати за Пандов дека учествувал на студентските протести пред Собранието, дека е член на ВМРО-ДПМНЕ, бил пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, но и директор на радио РОС.

pandovaleksandar

Пандoв, по извесен период на политичка анонимност и заборавеност, повторно се враќа со појавата на провладините медиуми кои го нарекуваат политички аналитичар кој е критички настроен кон опозицијата. Пандов редовно кога ќе е гостин на телевизиите ги брани политиките на власта-од избори, до протести, опозиција, новинари, анализира се што треба и се бара од него.

-Пандов е уверен дека Заев всушност не поседува „бомба“, туку само ја замајува јавноста, беше едно од неговите предвидувања на провладина телевизија.

-Ако по утрото се познава денот и ако бомбата на Заев беше она со пасошите, тогаш сме свесни дека и понатаму ќе гледаме домашни видеа, во крајно евтина продукција, истакна Пандов неодамна на една провладина телевизија, по што останува да видиме во следниве месеци дали точно анализирал.

10885414_342926729226080_5087788077450576276_n

-Тие беа студентски протести (на кои учествуваше Пандов), а овие не се. Сорос, ЛГБТ заедница, имаше се , ама студенти немаше, вчера кажа Пандов за МРТ.

-Не видов студент дека го води протестот-кажа Пандов и обвини дека новинари биле на чело на колоната.

Што не знае Пандов?

Како политички аналитичар требало да ги препознае лицата на околу 200 професори кои беа на чело на колоната која доаѓаше од УКИМ кон Владата. Пандов требало да ги види илјадниците индекси во рацете на студентите кои маршираа од неколку правци кон Владата. Пандов како аналитичар би требало да знае дека новинарите и снимателите на секој и секаков протест се на чело односно на неколу метри пред колоната, со оглед дека од тука се има најдобра контрола при покривање на настанот.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски