(ВИДЕО) Коциќ: Нови инвестиции во енергетскиот сектор за зголемено домашно производство на електрична енергија

Од:

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции се посветени на обезбедување доволно енергенси за претстојната зима. Во ек на светска енергетска и економска криза, важно е навремено да се обезбедат доволно енергенси и електрична енергија, но и треба тие да се користат рационално.Државата ги користи сите свои енергетски капацитети со цел да се зголеми домашното производство на струја и на тој начин да се намали зависноста од увоз, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

– Покрај унапредување на постоечките, се отвораат и нови енергетски капацитети. Последната од нив е соларната електрана во Амзабегово, Свети Николе со моќност од 17 мегавати.

Електраната се состои од над 31.000 сончеви панели на површина од 300.000 квадратни метри и предвидено производство од 25.000 MWh зелена енергија годишно, што би можела да снабдува над 5.500 македонски домаќинства.Истовремено, на локацијата на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ веќе работи фотонапонска електрана со моќност од 10 мегавати во сопственост на ЕСМ.

Во моментот, пред започнување со градба се и фотонапонските централи по пат на приватно партнерство со ЕСМ, во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати.Сето ова се крупни чекори кон сериозно зголемување на електрична енергија од домашни, еколошки извори. Граѓаните да бидат спокојни, електрична енергија и енергенси оваа зима ќе има во доволни количини.

Владата, државата и натаму ќе субвенционира 80 отсто од сметките за струја за над 600.000 домаќинства и околу 72.000 мали претпријатија.Сите основни и средни училишта се префрлуваат на регулираниот пазар за помали сметки за струја, а поевтина електрична енергија ќе добиваат и здравствените установи.Секако, важно е да се потенцира дека секој субјект, без разлика дали е домаќинство, единица на локална самоуправа, дали е државно или приватно претпријатие треба да преземе мерки за штедење и рационално користење на електричната енергија. СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи продолжува да се грижи за сите граѓани, продолжува да инвестира во енергетскиот сектор и да му помага на стопанството – рече Коциќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Коциќ: СДСМ вложува во здравството, создава подобри услови за лекување на граѓаните

Коциќ: СДСМ вложува во човечкиот капитал, вработувања на 1.117 лица во здравствените установи

(ВИДЕО) Коциќ: Милошоски да се извини за лагите на Анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ е демантирано

Коциќ: СДСМ го реализира стратешкиот и важен енергетски проект Чебрен, после 11 неуспешни обиди на ДПМНЕ

Коциќ: ДПМНЕ пласира невистини во јавноста за Онкологија и на Анкетната комисија

Катерина Ѓуровски

СДСМ го поднесе истиот предлог за ДДВ за пелети кој пред два дена му го одби на ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов