(ВИДЕО) Коциќ: Милошоски да се извини за лагите на Анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ е демантирано

Од:

На денешната седница на Анкетната комисија за случајот Онкологија пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ презентираше докази како Антонио Милошоски од ДПМНЕ ја лаже јавноста. Коциќ побара извинување од Милошоски за изнесените лаги.

„На минатата седница на Анкетна Комисија пратеникот Антонио Милошоски за време на процедурална забелешка прочита одлука на Влада, за која што тврдеше дека станува збор за наводна намера на Владата да дозволи уништување на доказен материјал на Клиниката за онкологија, при тоа наведувајќи свои лични квалификации.
Врз основа на Законот за пристап до информации побаравме и добивме документ за каква одлука се работи. Еве го тој документ. Нека го види и јавноста. Истиот го демантира Милошоски, го демантира ДПМНЕ и го покажува нивното вистинско лице.

Имено, не се работи за одлука за расходување на потрошен и дотраен материјал како што Милошоски лажно тврдеше туку станува збор за медицинска опрема два кревети во вредност од 0 денари, шест столици со вредност нула одлука, медицински апарат 0 медицински апарат 0 денари и уште еден медицински апарат нула денари. Значи се врши избор на рециклирање и уништување отпад. Ова е уште една потврда дека целта на ДПМНЕ со Анкетната комисија воопшто не е ништо друг освен да се опструира истрагата и да се пласираат невистини. Освен манипулирање на јавноста и злоупотреба на случајот ДПМНЕ нема друга намера. Се изведуваат невистини, инсинуации, клевети…се со една цел, создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите. Очигледно целта на ДПМНЕ не е правда туку манипулација. Бараме пратеникот Милошоски јавно да се извини за манипулациите на македонската јавност. Исто така бараме да се одложи почетокот на седницата додека пратеникот не се извини на македонската јавност. Злоупотребата на работата на Анкетната комисија мора да прекине – изјави Коциќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Коциќ: СДСМ вложува во здравството, создава подобри услови за лекување на граѓаните

Коциќ: СДСМ вложува во човечкиот капитал, вработувања на 1.117 лица во здравствените установи

Коциќ: СДСМ го реализира стратешкиот и важен енергетски проект Чебрен, после 11 неуспешни обиди на ДПМНЕ

Коциќ: ДПМНЕ пласира невистини во јавноста за Онкологија и на Анкетната комисија

Катерина Ѓуровски

СДСМ го поднесе истиот предлог за ДДВ за пелети кој пред два дена му го одби на ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

(ВИДЕО) Коциќ: После шамарот и одлуката од Стразбур ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извини на граѓаните