(ВИДЕО) Коцевски: Здравата животна средина ќе биде мој приоритет

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Велес од СДСМ и коалициските партнери Аце Коцевски денеска рече дека негов приоритет ќе биде здравата животна средина и се обврза дека ќе обезбеди чиста и здрава вода за пиење за сите населени места каде што тоа досега не е решено на соодветен начин.

– Се обврзуваме да ги замениме сите преостаните азбесцементи цевки од водоводната мрежа кои преставуваа опасност по здравјето на луѓето и сите азбесцементи покриви од јавните институции во Велес, затоа што и тие се потенцијална опасност за здравјето на дечињата, а и на вработените во јавните институции, рече Коцевски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека ќе го реши и цврстиот комунален отпад со изградба на регионална фабрика со општините во вардарскиот регион, каде ќе има современ третман на селектирање и одлагање на комуналниот отпад од домаќинствата. Покрај тоа, вети и изградба на претоварна станица во Велес, како и преработка на фекалните води од јавните објекти од индустријата и домаќинствата што се испуштаат во Вардар.

– Со средства од претпристапните фондови на Европската унија ќе изградиме колекторски систем и пречистителна станица во која ќе се преработуваат водите и како безопасни потоа ќе се слеваат во Вардар, прецизира Коцевски.

Вети и многу други проекти од областа на заштита на животната средина, како и соодветни анализи за состојбите и случувањата во јавното комунално претпријатие “Дервен”, за да се подобри хигиената и чистотата во градот.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ