(ВИДЕО) Коцевски: Поголемо внимание и средства за најсиромашните велешани

Од:

Кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ Аце Коцевски денеска најави надлежностите на Центарот за социјални работи да преминат на локалната самоуправа.

– На тој начин општината во наредниот период ќе може да посвети многу поголемо внимание за обезбедување средства за најсиромашните категории граѓани на Велес, на кои помошта им е е неопходна. Ќе се грижиме и за лицата кои се изложени на семејно насилство, на децата од улица, на бездомниците и на другите категории на граѓани, рече Коцевски.

Тој најави подобрување на условите каде се згрижени лицата со посебни потреби, обезбедување доволно финансиски средства за вешешани за некои тешки оперативни зафати и во случај на пожари, експлозии…

Коцевски најави отворање дом за стари лица во Велес по пат на јавно-приватно партнерство, обезбедување нега на возрасните лица во домашни услови, во соработка со Црвениот крст и други невладини организации, како и нивно снабдување со лекови…

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори