(ВИДЕО) Коцевски одбра да биде послушник на СДСМ, вели Петрушевски

Од:

ЈО Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на СДС, обвинителството го претвори во нивна испостава. МВР и другите институции покренаа десетици постапки, а реализацијата од ЈО е рамна на нула. Иако имаше шанса од неколку месеци, да покаже дека може да работи по закон, тој продолжи да биде послушник на СДС. Граѓаните со право се разочарани од обвинителството и судството. Љупчо Коцевски, како шеф на ЈО целосно се фрли во заштита на поранешните функционери на СДС и нивни блиски лица, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дека ЈО не работи како што треба и какви што се очекувањата, говори и последниот извештај на Транспаренси, во кој дури 4 точки се однесуваат на состојбите во обвинителството и судството. Љупчо Коцевски како шеф на ЈО не направи ништо да се зголеми ефикасноста во постапките. ЈО водено од Љупчо Коцевски се стави во целосна заштита на функционери на СДС и нивни блиски лица, кои со години ја крадеа државата. Дополнително Љупчо Коцевски спроведуваше класично незаконие, како последното поставување на вршител на должност шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишани во Законот за јавното обвинителство. Љупчо Коцевски како и неколку негови претходници се покажаа како големо разочарување пред се за граѓаните, а потоа и за самата институција – рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

(ВИДЕО) Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал