(ВИДЕО) Коцевски: Наш план е Велес да биде прва општина која ќе ги добие меѓународните ISO стандарди за квалитет

Од:

Кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ и коалицијата, Аце Коцевски денеска во изјава за медиумите рече дека Велес била најдобра општина во Македонија, со најдобро изградени капацитети и била модел на македонска општина во процесот на децентрализација, а сега станал сосем просечна општина со огромни долгови и со превработеност.

– Нашите планови за развој на општината во наредниот период се огромни. Мојата визија е Велес повторно да биде најдобрата општина во Македонија, општина за пример со добро изградени капацитети, без долгови со нула корупција и без превработеност, со брзи квалитетни и ефтини услуги за граѓаните со високи етички морани стандарди, чесно одговорно и домаќинско работење. Моето мото ќе биде задоволни граѓани наша цел. Граѓаните ќе бидат во центарот на вниманието. Ќе обезбедиме еднаков пристап кон сите граѓани. Граѓаните нема да да ги делиме по ниеден основ, ни според нивната национална, верска, етничка или старосна припадност. Ќе имаме одлична соработка со советот на општината, со вработените во општинската администрација, со урбаните и месните заедници, рече Коцевски.

Тој додаде дека ќе воспостават и партнерство со невладиниот сектор и ќе формираат прв граѓански општински совет во Македонија во кој невладините организации ќе може да ги креираат своите визии за развојот на општината во наредниот период.

– Исто така ќе создадеме вистиснки младински совет во кој младите генерации на Велес ќе може своите креативни младешки идеи да ги презентираат и да ги реализираат во развојот на нивната општина.
Исто така ќе направиме добра соработка и со македонската православна црква и со исламската верска заедница, со гарнизонот на армијата на Република Македонија и со останатите инстиуции кои се лоцирани во Велес. Нашиот план е Велес да биде првата општина која ќе ги добие меѓународните ISO стандарди за висок квалитет на работа во јавната администрација и тоа новиот ISO стандард 9001/2015 кој обезбедува висок квалитет на услуги за граѓаните, потоа ISO 14001/2015 кој обезбедува заштита на животната средина и ISO 2700 од 2013 кој обезбедува и гарантира безбедност на информацииите. Сакам исто така да најавам дека ќе го трансформираме јавниот комунален сектор, затоа што јавното комунално претпријатие е многу превработено за да создадеме претпоставки, да се намали цената на водата барем за 10% да се зголемат платите на вработените барем за 10% да се намалата загубите на водата со цел да обезбедиме квалитетно ниво на услуги за грашаните и високо ниво на чистота во градот, вели Коцевски.

Кандидатот за градоначалник најави дека во наредниот период ќе обезбеди општина Велес да добие нов современ центар за услуги на граѓаните, прв во Република Македонија, кој ќе биде пилот проект во кој граѓаните на Велес на едно место ќе можат да ги добијат сите услуги поврзано со одлучување на општинстаката администрација и во администрацијата на органите на власта на централно ниво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски