ВИДЕО: Коцевски најави проекти поврзани со младинскиот парк

Од:

„Мило ми е што имам чест токму од овде од едно од моите, нашите најголеми остварени дела во минатото, сега е култно место за велешани, да најавам неколку важни проекти кои се поврзани токму со младинскиот парк.

Пред се изградбата на пешачки надвозник тука во близина кај скаличките на анфи театарот кои треба да го поврзе младинскиот парк со главниот градски зелен парк, на тој начин ќе овозможиме комуникација на граѓаните со градскиот парк кои ќе биде достапен и безбеден и во ноќните часови.

Исто така планираме реконструкција, односно довршување на реконструкцијата на градскиот фудбалски стадион, изградба на нова трибина, а во подтрибинскиот простор планираме множтво активности од областа на стортската медицина,продажбата на спортска опрема и повеќе кафулиња и други објекти за забава.

Планираме да донесеме нов детален урбанистички план за главниот градски парк каде што ќе предвидиме многу содржини кои перспективно ќе се склопат со нашите визии,проектот „Велес на кеј“ каде што планираме со пешачка патека од како ќе се изгради кејот ќе се поврзе градскиот парк и да може пешки да се стигне до Стариот мост во Велес.

Планираме исто така да продолжиме со реконструкција на спортската сала „Гемиџии“ посебно на спортскиот терен кој сега не ги задоволува меѓународните стандарди за одржување на меѓународните натпревари, со цел да овозможиме во наредниот период во Велес да се случуваат врвни натпревари, затоа што велешани се познати како големи љубители на спортот“, изјави Аце Коцевски кандидат за градоначалник за Велес од СДСМ.

Би можело да ве интересира

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна