ВИДЕО: Коцевски најави нови проекти за пензионерите

Од:

Средствата што ќе се слеваат во буџетот на општината ќе ги трошиме строго домаќински и одговорно, за вистинските приоритети утврдени заедно со граѓаните, рече денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник Аце Коцевски.

– Сакам да ве уверам дека ќе направиме трансформација на јавниот комунален сектор за да обезбедиме поквалитетни комунални услуги за граѓаните. Особено внимание ќе посветиме за највозрасните, пензионерите зашто е се поголем бројот на нашите повозрасни сограѓани кои останаа без своите синови, ќерки и внуци кои во потрага по подобра егзистенција го напуштија Велес и отидоа да живеат некаде во странство. За сите нив ветуваме дека ќе направиме добри проекти во наредниот период, истакна Коцевски.

Најави дека ќе се испита состојбата во постоечкиот пензионерски дом „Вила Зора“ и дека ќе се создадат можности со искористување на имотот на општината или по пат на јавно приватно партнерство да се изгради барем еден пензионерски дом.

– Исто така, во соработка и партнерство со Црвениот крст и со други невладини спацијализирани организации ќе обезбедиме нега на возрасните лица на кои тоа им е неопходно во домашни услови, како и дистрибуција на лекови и храна за сите наши сограѓани на кои тоа им е неопходно, истакна Коцевски и побара поддршка од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ