(ВИДЕО) Коцевски: Ќе ги продолжиме идеалите на жртвите за слобода на Македонија

Од:

Денот на антифашистичкото востание 11 Октомври е еден од најзначајните денови во историјата на македонскиот народ и другите граѓани кои живеат во Република Македонија и затоа ја користам приликата да изразам благодарност за жртвите што ги дадоа околу дваесет и четири илјади припадници на вооружените сили за да ја ослободат Македонија, порача денеска кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ и Коалицијата Аце Коцевски.

Во наредниот период, додаде, се ќе направиме за да бидеме достојни продолжувачи на идеалите на паднатите жртви за слобода на Македонија.

Да не беше 11 Октомври 1941 година, рече, немаше да го има ниту 2 август 1944 година, ниту пак Денот на независноста 8 Септември.

– Периодот на Народно-ослободителната и антифашистичка војна е единствен период во нашата историја кој конечно после Кресненското, Илинденското и другите буни и востанија завршува со позитивен исход и како резултат на тоа е формирана современата македонска држава, рече Коцевски.

Една од првите работи што ќе ја направиме по освојувањето на локалната власт, истакна тој, ќе биде на паднатите борци од Народно-ослободителната војна, на народните херои да им се врати значењето како и дека нивните бисти ќе бидат вратени во паркот на хероите. Исто така, ќе се потруди и посмртни останки на Панко Брашнар во соработка со хрватските власти од Голи Оток да бидат донесени во неговиот роден Велес.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ