(ВИДЕО) Коцески: Мојот личен успех е успех на секој граѓанин од мојата општина

Од:

„Општината е наш заеднички дом и сите имаме обврска да помагаме, секој со својата способност за нејзин прогрес. Меѓусебната соработка носи резултати за сите. Мојот личен успех е успех на секој граѓанин од мојата општина.

Со програмата во 2013 година ветив 66 проекти, а заедно со граѓаните на општина Јегуновце, Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и меѓународни институции и донатори реализирав над 100 инфраструктурни проекти и педесетина други активности во интерес на граѓаните од нашата општина.

Во наредниот период продолжуваме со исто темпо, со реализација на предвидените проекти во Изборната програма за периодот 2017 – 2021 година.

Ќе продолжиме со инвестиции во нови инфраструктурни проекти, а како приоритетни ги планираме следниве проекти и активности за реализација:

• Изградба на мини индустриска зона.
• Стимулации за инвеститорите.
• Изградба на училишна спортска сала во ООУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце.
• Реконструкција на основните училишта.
• Изградба на спортски терени во населените места Старо село и Орашје.
• Уредување на речното корито на реката Вардар.
• Изградба на канализациона мрежа во должина од 1 километар од населено место Шемшово до населено место Жилче.
• Изградба на канализациони мрежи во населените места: Подбреѓе, Јанчиште, Ратае и Горно Орашје.
• Изградба на водовод во населено место Прељубиште.
• Изградба на пристапен локален пат од регионалниот пат до училиштето во населено место Јажинце.
• Изградба на локален пат во населено место Вратница.
• Изградба на нов бунар и пумпна станица за вода во населено место Раотинце.

Општина Јегуновце продолжува да биде атрактивно и пријатно место за живеење, каде граѓанинот е пред се, без разлика на верска, партиска или етничка припадност, со чесна, стручна и посветена работа“, изјави Тони Коцески, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Јегуновце.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ