(ВИДЕО) Книга „Енвер Хоџа“: Диктаторите не веруваат во идеја, таа е за жртвите

Од:

Во издание на Фондација Отворено општество – Македонија, на македонски јазик, во превод на Ким Мехмети, беше промовирана книгата „Енвер Хоџа“ од познатиот албански новинар Бленди Февзиу.

„Енвер Хоџа“ претставува прва биографија заснована на документи од личната архива и на исповедите на оние што го познавале. Тој е диктаторот што ја изолираше Албанија, човекот кој со никого не ја сподели власта во текот на повеќе од 40 години и оној што го создаде најрепресивниот политички режим во Европа, со масовни ликвидирања и наметнување на комплетно сопствена верзија на историјата.

Ова издание го промовираа Љубомир Данаилов Фрчкоски, Мерсел Биљали и Владимир Милчин.

– Во предговорот ќе најдете еден податок дека оваа книга се обиделе да ја запалат закоравените енверисти. Ова издание е почеток на еден проект со работен наслов Диктатори стари, диктатори нови, од фашизамот, до комунизамот, па до популизамот. Оваа книга отвора низа идни преводи. Енвер Хоџа почнал да го чисти кругот околу себе, порано отколку Сталин, по возраст и по стаж колку време бил на власт. Тој го почнал многу порано пред да ги преземе сите конци в рака. Енвер е веројатно најбрзиот во таа смисла ликвидатор на својата околина, зашто тој прави се’ за да направи свој споменик, рече Владимр Милчин.

Професорот Мерел Биљали прави паралела меѓу диктаторскиот режим на Хоџа со актуелни сосотојби кај нас:

– Прво се работи за личност кој е медиокритет со просечна интелигенција, второ е дека ликвидирал се ’ живо и пријатели и противници и неистомисленици и конкуренти. Трето, правел се’ со најсилна кампања со тогашните средства- прво весници, паради и подоцна телевизија, па се до стилот уста на уста, за што имал специјална екипа да го величаат него и неговото дело и успеал да се наметне без да има никави резултати, исто како кај нас, кога сега се фалиме дека се’ ни е најдобро, а практично ни е многу лошо.

Масовно, со помош на тајната полиција се следеле луѓето, се претпоставува дека над 60 проценти биле следени по различни основи. Се следеле луѓе без никаква правна основа, за жал и денеска и тука имаме ситуација која многу подоцна ќе излезе на површината дека и тука се следат без никакви правни основи и документи.

Петто ги контролирал во целост институциите на власт, ги персонализирал, тие биле лични негови институции, а не на партијата вклучително и судството, и сега ние имаме проблем со судството, не можеме да се пофалиме со судството кое помага на тие што се прекршители на законот и на моралот.

Имаме невидено лицемерите, на секој прболем пристапувал со невидено лицемерие, едно мислел, второ кажувал, трето правел, четврто очекувал како резултат и многу ме плаши што се’ ми наликува на некакви односи тука внатре кај нас сега.
И најверојатно сексуална ориентација, што можеби и кај нас може да биде актуелно, рече Биљали.

Професорот Фрчкоски говореше за начинот на кој се одвивала перманентната чистка во Албанија во времето на Енвер Хоџа низ една патологија на времето доведена до екстреми, за вербата што ја имале жртвите на диктаторот наспроти него.

– Хоџа ја нема истата верба, тој е различен карактер од сите негови жртви, од сите негови „пријатели и другари“. Всушност, никој од големите сатрапи ја нема таа верба во идејата. Таа е привилегија на жртвите, рече Фрчкоски.

Во дебатата што следуваше беа направени паралели со актуелните состојби во Македонија. Според кои за паѓањето на режимот во Албанија најзаслужни биле студентите кои го покренале движењето против диктатурата, а последниот удар му го задале рударите и работничката класа додека интелигенцијата молчела, беше речено на дебатата.

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска