Нов соговорник на Цивил е аналитичарот Сашо Клековски.
Во интервјуто зборува за трендот на квалитетот на изборите од 2009 година и нееднаквото медиумско покривање.
Клековски ја потенцира огромната диспропорција на ресурсите во изборните кампањи.
Објаснува што значи „ефикасно организирани избори“ и потребата од еднаквост на можностите на сите партии да се престават пред граѓаните. За политичката криза тврди дека мора да се приближат владејачките и опозициските партии, напуштајќи ги максималистичките позиции.