(ВИДЕО) „Ќе си го добиете“, вака премиерот се заканува на „непослушен“ новинар

Од:

Послушни новинари, тематски прес конференции, нарачани прашања, напишани текстови.

Не се остава ништо на случајност. Се знае кои медиуми смеат да работа, кои се затвораат а кои се контролираат со пари од реклами.

Но еве како премиерот реагира доколку нешто „излезе од контрола“ и „непослушен “ новинар, праша надвор од темата на прес-конференцијата или нешто за кое Владата не сака прашање или не може да се пофали.

„Ќе си го добиете“, низ заби се закани премиерот. Оваа снимка, која ја обелодени Либертас, е снимена на официјална владина прес-конференција, но досега остана тајна заради цензура од газдата на тв куќата.

Порталот препорачува освен граѓаните, снимката и пораката од премиерот до „непослушниот“ новинар, да ја видат и чујат и вице премиерката Теута Арифи и еврокомесарот Филе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија