(ВИДЕО) Кирацовски: Успесите од 2018 година ја навестуваат 2019 како година на економија, раст и развој

Од:

Зад нас е една успешна година на економско и политичко придвижување на најважните процеси во државата. По години уназадување, изолација и економска стагнација, Македонија ита напред кон светла и сигурна иднина, кон членство во ЕУ и НАТО, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во неговото новогодишно обраќање.

– Покажавме како е да се води напред но и како се носат храбри и државнички одлуки за иднината на државата, за доброто на Вас, граѓаните. Успевме да го зачуваме идентитетот и да ги отвориме перспективите, да ја обезбедиме иднината на Македонија. Во фокусот беа темелите за иднината и тие се поставени. За подобра живејачка се посветивме на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард. Платите растат во сите сектори, се обезбедуваат се’ повеќе пари за секое семејство. Економијата се придвижи во вистинска насока, расте и индустриското производство, извозот, а невработеноста сериозно се намалува, вели Кирацовски.

Тој додава дека сето ова е дел од еден нов систем на вредности, нов однос кон граѓаните, кон економијата, кон иднината на државата и кон идните генерации.

– Успехот на Македонија сите не прави горди. Она што се случи во оваа 2018 година храбро ја навестува 2019 како година на подобра иднина, година на економија, раст и развој. Македонија ќе продолжи да оди напред, стануваме 30-та членка на НАТО. Се повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните, ќе растат платите, ќе се подобрува животниот стандард. Како што се обврзавме, продолжуваме со одговорна, домаќинска работа, во интерес на Вас, граѓаните. Драги сограѓани, празничните денови да ги дочекаме во радост, љубов и меѓусебна почит. Ви посакувам успешна, бериќетна и среќна нова 2019 година, рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања