(ВИДЕО) Кирацовски: Спречив над 2.000 службеници да бидат казнети парично или со отказ!

Од:

Ако не ги спречев казните за административните службеници за 2015 година, денес казните на Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе удреа по егсистенцијата на над 1.700 службеници, вели Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ и дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Над 1.700 административни службеници ќе беа казнети или со одземање на 5, 10 и 20 проценти од нивната плата во период од цели 6 месеци, или ќе беа избркани од работа.
Ако не беа избркани од работа, парично ќе беа казнети со по 30.000 денари, 15.000 или според најмалите казни, со по 7.500 денари од платите во период од половина година.
Тоа се пари за еден годишен одмор! На којшто вработените и онака, без паричните казни, не можат да си ги однесат децата. Agencija za administracija_1
Апсурдот е во тоа што 5-те проценти административци кои требаше да земат 7.500 денари помалку од платите, се всушност оценети со оценки околу 4 и над 4, значи – многу добар.
Апсурдно е и тоа кој им ги пишувал казните на административните службеници. Нивните шефови и раководители, кадри поставени од Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ.Agencija za administracija_2 (1)
Така е предвидено во Законот за административни службеници, донесен од страна на власта на Никола Груевски, најголем удел во оценката да има мислењето на шефот.
Ова е само еден показател дека целта на овој закон е уцени и заплашувања на администрацијата и обид за воспоставување послушност кон партиски директиви од шефовите.
Откако ги разобличив овие намери и под притисок на инсистирањата на опозицијата во Парламентот и демократската јавност, казните за 2015 нема да се спроведат.Agencija za administracija_3 (1)
Но власта на ВМРО-ДПМНЕ не се откажа од намерата, казните да важат од оваа 2016 година.
Сакам да ви порачам, почитувани вработени во администрацијата,
– Нека не ве заплашуваат со казните од оценувањето за 2016 година!
– Не потклекнувајте на нивните политички притисоци!Agencija za administracija_4 (1)
– Во 2016 година доаѓа нова власт на чело со Социјалдемократскиот сојуз и ние ова апсурдно оценување ЌЕ ГО УКИНЕМЕ!
Ќе воведеме европски модел за напредување според степенот на кариера што ќе зависи од годините поминати во струката и успешноста во работењето ќе носи повисока плата.
Главен критериум за вработување нема да биде партиската книшка, туку стручноста и работното искуство. Agencija za administracija_5 (1)
Предвидени се и други позитивни мерки за администрацијата, што ќе им олеснат и на граѓаните, како што е на пример флексибилното работно време што ќе го воведеме во институциите, за што дополнително ќе зборуваме.
Наша цел е квалитетна, стручна и ефикасна администрација и задоволни граѓани и тоа заеднички ќе го постигнеме преку мотивација, а не со казни, како што прави оваа власт.
Промените почнаа, назад нема.
Agencija za administracija_6 (1)

Biro za javni nabavki_4 (1)

Biro za javni nabavki_3 (1)

Biro za javni nabavki_2 (1)

Biro za javni nabavki_1 (1)

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он