(ВИДЕО) Кирацовски: Спорен е Регистарот со вработени, мора точна бројка за фер избори

Од:

„Власта на Никола Груевски, на ист начин како што во минатото манипулираше со избирачкиот список, така и денес се обидува да манипулира со вкупниот број на вработени во јавниот сектор.

Бројката на вработени во јавниот сектор 127.139, што ја изнесе министерката за информатичко општество и администрација, соопштувам на јавноста дека е крајно спорна“, рече Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

„Со ова се доведува во прашање реализацијата на фер и регуларен изборен процес, каков што мора да има и јас сум должен ова да го предочам на јавноста.

Од Регистарот на вработени што и го доставува ова министерство на Државната изборна комисија, таа избира членови на општинските изборни комисии и избирачките одбори, кои го спроведуваат гласањето и броењето на гласовите. Затоа е важно податоците во Регистарот да се точни.

Но, проблематични се.

Министерството во Правилникот по кој што институциите требаше да го спроведат внесувањето на своите вработени, не предвидело практичен модел на прибирање податоци.

Бидејќи предвидениот софтвер бара повеќе време, институциите главно вработените ги внесувале, во обични ексел табели. И тоа во услови кога власта на Груевски им додаваше, па им одземаше волонтери на кои им го трансформираше работниот однос како ќе им текне, во од, главно по партиски потреби!

Резултат на ова се различните бројки на вработени и на институции, кои како од ракав ги вади Министерството за информатичко општество и администрација.

Последната бројка што ја соопшти министерката Арсовска Томовска повикувајќи се на Регистарот е 127.139 вработени во 1.266 институции.

Претпоследната бројка што ја соопшти министерката лани е 128.253 лица вработени во 1.354 институции.

Значи за 6 месеци бројот на институции се намалил за 88. Ако тоа е вистина, од министерството треба јасно да се соопшти кои се тие 88 институции што постоеле во септември 2015, а не постојат денес во март 2016?

И кој лаже – министерката, кога вели дека бројката на вработени во јавниот сектор се намалила, или Зоран Ставрески кој помпезно ги соопшти новите 2.667 вработувања и тоа по основ на трансформација на работниот однос? Ставрески дури соопшти дека оваа бројка брзо ќе се покачи на 3.500 ново вработени по овој основ.

Како е можно да има нови вработувања, а да се намали вкупниот број вработени?

Ќе потсетам само на информацијата, дека самите властодршци му признале на еврокомесарот – Јоханес Хан, дека вработените во Јавниот сектор заедно со привремено вработените и вработените во трговски друштва со доминантна или целосна сопственост на РМ, врз кои всушност власта има директно влијание, брои над 180.000 вработени, која потоа самите ја демантираа.

Почитувани граѓани,
Имам информации од вработените, дека за претходните изборни циклуси, власта селектирала кои вработени ќе ги достави до ДИК, за членови на изборните органи.

Предупредувам дека такво нешто овој пат не поминува!

Токму затоа – Барам институциите до 15-ти април да ги внесат вработените во соодветниот информационен систем за менаџирање со човечки ресурси. Законска должност на институциите и ова министерство е Регистар со точни податоци и бројка на вработени во јавниот сектор.

Следните избори во Македонија мора да бидат регуларни и фер“, изјави Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

 

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина