(ВИДЕО) Кирацовски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и закани и да гласаат по сопствено убедување

Од:

„Согласно врвните стратешки приоритети на Македонија, членството во ЕУ и НАТО, Владата достави предлог до Собранието за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија, како еден од последните чекори од Преспанскиот договор.

Предлог уставните измени се јавно објавени и се достапни до целата јавност. Секој граѓанин, секој пратеник може да ги погледне и да се увери во вистината.

Со предлог измените се потврдува сето она што го говоревме изминатиот период.

Идентитетот, јазикот и македонската посебност се загарантирани и трајно заштитени“, рече Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ.

„Паѓаат во вода сите лажни вести и измислени конструкции за наводно загрозување на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја.

Се гледа јасно дека со уставните измени не се губи ништо. Напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со зајакнат македонскиот идентитет кој конечно станува признаен од целиот свет.

Со измените, децидно се повикуваме на конкретни документи и конститутивните одлуки на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност.

Се обезбедува поцврста гаранција на границите и територијалниот интегритет.

Се обезбедува грижа за Македонците и иселениците од Македонија во странство, согласно меѓународните стандарди, без мешање во внатрешните работи на било која друга држава.

Апелирам до сите пратеници, вклучително и оние од ВМРО-ДПМНЕ, да ги прочитаат предложените измени.

Време е сите пратеници кои се за НАТО и ЕУ заеднички да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени.

Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и закани и да гласаат по сопствено убедување, следејќи ја мнозинската волја на граѓаните.

Огромното мнозинството граѓани од над 80% се одлучи дека иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО.

Ајде сите заедно, да ја следиме мнозинската волја на граѓаните, да ја преземеме нашата историска должност и да обезбедиме иднина на Македонија и нејзините граѓани како членка на ЕУ и НАТО“, изјави Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

А1он