(ВИДЕО) Кирацовски: Груевски говори дека изборите биле со неправилности и нерегуларности, како да се спрема за да не ги признае

Од:

Со победата на овие локални избори ќе го заокружиме процесот, оној кој што го започнавме во декември минатата година, процесот на враќање на животот насекаде. И во Тетово, и во Битола, и во Скопје, и во Штип, и во Прилеп, во сите населени места на нашата Република Македонија, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски пред граѓаните на Тетово.

– За само 100 дена власт покажавме што значи човекот, граѓанинот да е во центарот на вниманието на премиерот и на владата и на парламентарното мнозинство, рече Кирацовски.

Тој кажа дека во последниот период Груевски употребувал празни фрази како изборите биле криминални, биле нечесни, непрофесионални, со неправилности и нерегуларности, како да се спрема за нешто во недела.

– Како да се спрема да не ги признае овие избори. Вечерва од Тетово уште една порака ќе му испратиме. Овие избори ќе бидат чисти како солза, ќе го обелат образот на нашата Република Македонија, а тебе ќе те испратат во историјата на политиката. Познавајќи ве сите вас, тука присутните советници, ви гарантирам дека Тетово ќе добие историски тим, кој што од Тетово ќе направи поубаво место за живеење. Ќе го врати животот тука, ќе ве направи сите вас горди тетовчани. Да сте живи и здрави, во недела го враќаме животот во Тетово, го враќаме животот во Република Македонија, рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?